Во Бунарџик ќе се гради фабрика за автобуси

Bez autora
Jan 30 2012

Една од најголемите белгиски компании "Ван Хол НВ" напролет ќе гради нов производствен погон за производство на автобуси во ТИРЗ Скопје 2. Како што информираат од менаџерскиот тим, со тоа ќе можат да ја реализираат американска нарачка од 300 автобуси, бидејќи по направена детална физибилити студија е утврдено дека локацијата во Македонија ги исполнува сите потребни услови за реализирање на оваа голема нарачка. На почетокот на овој месец, "Ван Хол НВ" од АБЦ, нивниот американски дистрибутер, доби две американски нарачки за производство на вкупно 510 автобуси. Веднаш потоа "Ван Хол" објави дека првите 300 автобуси планира да ги произведе надвор од Белгија, инвестирајќи во поевтина производна локација, токму поради фактот што трошоците за работна сила се превисоки во Белгија.

Во Бунарџик ќе се гради фабрика за автобусиЕдна од најголемите белгиски компании "Ван Хол НВ" напролет ќе гради нов производствен погон за производство на автобуси во ТИРЗ Скопје 2.

Како што информираат од менаџерскиот тим, со тоа ќе можат да ја реализираат американска нарачка од 300 автобуси, бидејќи по направена детална физибилити студија е утврдено дека локацијата во Македонија ги исполнува сите потребни услови за реализирање на оваа голема нарачка.

На почетокот на овој месец, "Ван Хол НВ" од АБЦ, нивниот американски дистрибутер, доби две американски нарачки за производство на вкупно 510 автобуси. Веднаш потоа "Ван Хол" објави дека првите 300 автобуси планира да ги произведе надвор од Белгија, инвестирајќи во поевтина производна локација, токму поради фактот што трошоците за работна сила се превисоки во Белгија.

Извршниот директор на компанијата, Филип Ван Хол, посочи дека во Македонија ги нашле вистинските услови потребни за градење на нова фабрика во која, за период од 3 години ќе ги произведат бараните 300 автобуси за американскиот пазар.

- Без инвестирање во нов производствен погон надвор од Белгија "Ван Хол" немаше да ја добие нарачката за дополнителните 210 автобуси, кои ќе бидат произведени во Белгија. Овој проект со сигурност ја зацврстува интернационалната димензија на компанијата - кажа Ван Хол.

Министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, истакна дека со оваа значајна инвестиција од Македонија повторно ќе се извезуваат автобуси, пред се на американскиот пазар.

- Одлуката на "Ван Хол", фирма со која јас и мојот кабинет работиме од почетокот на 2009 година, претставува особена гордост за нас, бидејќи е проект за производство на финални производи кои секој граѓанин може да ги види. Компанијата планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи 400 луѓе, а ќе ангажира и бројни домашни партнери за различните делови на автобусите кои ќе се извезуваат од нашата земја. Нивниот план е да почнат со градба на фабриката во април-мај оваа година, бидејќи имаат склучено договор за испорака на автобусите во 2013 година - појасни Самак.

Ван Хол" е белгиски независен производител на градски, меѓуградски автобуси и индустриски возила. Компанијата е формирана во Белгија во 1947 година. Најголем број од произведените возила се наменети за големите пазари во Европа и Америка, а Ван Хол" брои повеќе од 4.000 вработени во светот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik